Собранието ќе се избира уставен судија и членови на Советот на ЈО

од Vladimir Zorba
107 прегледи

  Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на која на дневен ред се Предлог за избор на судија на Уставниот суд и Предлог за избор на членови на Советот на јавните обвинители.

Насер Ајдари е предложен за  нов уставен судија. Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски Осман Кадруи во јануари годинава.

За членови на Советот на јавни обвинители се предложени Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат,

На дневен ред на оваа седница се повеќе точки од областа на образованието, економијата, како и законот за стечајци.