Собранието на денешната седница не го усвои Предлог-законот за јавнообвинителската служба, по скратена постапка, поднесен од пратениците од СДСМ.

За предлогот на СДСМ, да се усвои Закон за јавнообвинителска служба за Специјалното јавно обвинителство, 54 пратеници гласаа „против“ и 27 „за“.
Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, со законот треба да му се овозможи работа на обвинителството предводено од Катица Јанева.
– Доколку не биде поддржан од мнозинството, се остава поголем сомнеж дека не сакаат да се расчистат сите прашања од прислушкувањето, рече Сугарески образложувајќи го предлогот.