Собранието не смее да работи под ултиматум, мора да има консензус, вели Џафери

од Берта Китинска
215 прегледи

Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус. Собранието не смее да работи под ултиматум, мора да има консензус, изјави вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатната емисија „Објектив“ на МРТВ1.

„Не е проблемот во изборниот систем. Зошто не излегуваат сами политичките партии и да се мери секој колку поддршка има. Не е проблемот во шесте изборни единици, проблемот е во поддршката. Една коалиција, друга, трета и на крај за една година се распаѓаат скоро сите коалиции“,рече Џафери.

Според него, треба да се води дебата за бројот на изборни единици за да се слушнат аргументите и потоа, како што рече, да може да се има евентуално консензус.

„Консензусот не значи сите да добиваат се, консензусот е сите да попуштат малку, да отстапат по нешто, инаку се друго е ултиматум или диктат“,истакна Џафери.

Слични содржини