Собранието на Република Македонија ненадејно, за 17 часот, закажа седница на која на дневен ред ставени се три закони. Прва точка е предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, втора точка е предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка, и трета точка е предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка.
Само ПР игра, нема “ниту правна,ниту политичка” логика во одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за да оди на избори на 24 април
Иако ја нема на дневен ред, на оваа Собраниска седница, според официјални информации тој ќе биде дополнет со оставката на премиерот Никола Груевски, кој во петокот ја достави до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Собарниската седница ќе бидат присутни и пратениците на опозицијата.
