Со 56 гласови „за“ и 37 „против“, Добранието на РСМ попладнево го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година.
За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом.
Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции. Даночните приходи се планирани на ниво од 123,9 милијарди денари односно за околу 6 милијарди повеќе во однос на иницијалниот буџет. Социјалните приходи се во износ од 69 милјарди денари и се за околу една милијарда денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Останатите приходи (неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 29,5 милијарди денари.
Вкупните расходи, пак, се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари, а капиталните расходи на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.
На расходната страна на Буџетот се врши ограничување и сведување на минимум на несуштинските трошења кај буџетските корисници без да се наруши нивното редовно подмирување на обврски.
Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Зголемувањето на дефицитот од 4,9 на 6,5 проценти, според надлежните, е резултат на потребата за зголемено финансирање за сетот на економските мерки за справување со последиците од здравствено-економската кризата, а кои ќе се финансираат преку категоријата субвенции и трансфери и преку капитални расходи.
Стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процент.