Собранието во рамките на денешното продолжение на 135. седница без расправа усвои повеќе законски решенија меѓу кои и Законот за дополнување на Законот за странци што беше донесен по скратена постапка и Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, во прво читање.
Без расправа беше изгласан и Законот за изменување на Законот за поштенски услуги кој, исто така, беше по скратена постапка.
Без расправа со 48 гласа „за“ и осум „против“ Собранието во рамките на работата по дневниот ред на 106. седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри во прво читање, а едногласно со 64 гласа и Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите за 2022 година.
Продолженијата на седниците ќе бидат закажани дооплнително, а утре ќе се одржи седница посветена на пратенички прашања.