Собраниската комисија го прифати предлогот за отворање на Уставот, пленарната седница на 18. август

од Nikola Popovski
255 прегледи

Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследија на натамошно разгледување предлогот за уставни измени. На крајот од дебатата беше усвоен заклучок за кој ќе одлучуваат пратениците на пленарната седница закажана за 18 август.

По ова претседателот на Собранието, Талат Џафери ја затвори седницата.

На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и своите ставови ги изнесоа претставнции на сите пратенички групи.

Ковачевски порача и дека европските претставници предупредуваат дека постои ризик од раздвојување на Албанија од Македонија доколку до крајот на годината не се случат уставните измени.

Тоа значи дека уставните измени не се ничиј диктат или поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка со ЕУ. Ова е неповторлив момент кога со ЕУ имаме заеднички интерес и не треба да го пропуштиме бидејќи прашање е дали би го имале повторно и кога, кажа премиерот.

Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски е дециден дека нема да има ново вето.

Тоа го искажаа претставниците на ЕУ, но и на Бугарија. Очекуваат да се исполнат обврските од преговарачка рамка, а потоа сите прашања со Бугарија се билатерални и обврска меѓу нас и Бугарија. Тие нема да влијаат на евроинтеграциите, истакна Костовски.

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, укажа дека тој и пратеникот Борислав Крмов нема да учествуваат во материјална расправа за измена на Уставот. Посочи дека ова е „лузерски процес“.

Историјата влезе како дел од преговарачката рамка. Наместо да преговараме за копенхашки критериуми, ние ќе преговараме каков бил Цар Самоил, каков бил Гоце Делчев, какво било Илинденското востание. И што е најтрагично, не обезбедивте државнички гаранции дека ќе нема нови вета, рече меѓу другото Апасиев.

Од собраниската говорница говореше и Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше единствен претставник од најголемата опозициска партија кој се обрати на седницата на уставната комисија. Порача дека „уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржат, затоа што е директно кршење на суверенитетот на една земја“.

Слични содржини