173
Утре (28 јануари 2022 г.) министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, соопштија од МНР.
Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски.
Претходно претседателот на комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски преку писмо побара од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската комисија и да ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот „план 5+1“.