Собраниската комисија и денес ќе расправа за предлогот Јовески да биде уставен судија

од Radmila Tasevska
165 прегледи

Денес собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата ќе ја продолжи расправата за предлогот Љубомир Јовески, актуелен јавен обвинител, да биде избран за уставен судија.

Вчера седницата по неколкумесечна пауза продолжи, а опозицијата повторно со долги говори бараше владејачките партии да го повлечат предлогот Јовески да биде кандидат за уставен судија.

Исто така, на Комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата.

Од Уставниот суд минатата недела повторно упатија апел до Собранието да се изберат тројца судии со цел судот непречено да функционира како што е предвидено со Уставот.

Слични содржини