Ручек во кој ќе ужива целото семејство.
Состојки (за 4 лица):
Болоњезе сос:
– 1 поголем кромид
– 500 гр мелено месо
– 125 мл бело вино
– 200 мл млеко
– 1 тегла сос од домати
– 1 лажица доматен концентрат
Бешамел сос:
– 30 гр путер
– 500 мл млеко
– 50 гр брашно
– прстофат сол
– малку морско оревче
И повеќе…
– 1 пакување кори за лазањи
– 250 гр пармезан
Подготовка:
За болоњезе сос:
Кромидот ситно се сечка и се пржи на две лажици масло на умерена температура. Додадете го месото и пржете заедно додека месото не порумени.
Откако месото ќе добие кафена боја, се прелива бело вино и се меша додека не испари, па се додава млекото – се меша 10 минути или додека не испари.
Зачинете го сосот Болоњезе со две лажички сол и половина лажичка бибер, прелијте ги со концентратот од домати и сосот од домати, а потоа намалете ја температурата на минимум. Покријте и оставете да крчка додека го подготвувате бешамел сосот.
За бешамел сосот:
Растопете го путерот на умерена температура и полека додајте го брашното со постојано мешање. Откако ќе се додаде брашното, полека се прелива млекото и се меша цело време додека не се постигне саканата густина. Додадете прстофат сол и морско оревче.
Склопување на лазањите:
Истурете бел сос на дното на садот за печење, врз кората за лазањи, па слој бел сос, слој црвен сос, па пармезан и оригано. Повторно кора за лазања, бел сос, црвен сос, пармезан и на крај, бел сос и црвен сос за лазањи.
Доколку планирате да направите поголема лазања, слободно повторете ја постапката, но направете поголема количина бел и црвен сос.
На поставените лазањи ставете алуминиумска фолија, загрејте ја рерната на 170 степени и печете 40 минути покриени со фолија и пет минути без фолија.
На здравје!