Сочувство од Вархеји за сообраќајната несреќа: Моите мисли се со семејствата на загинатите

од Берта Китинска
196 прегледи

Еврокомесарот за проширување изрази сочувство преку Твитер за автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 лица на автопатот Струма.

„Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји на Твитер.

Тешката сообраќајна несреќа, во која се запали автобус со македонски таблички се случила во текот на ноќта на автопатот „Струма“ во Бугарија. Меѓу загинатите има и 12 деца, а несреќата ја преживеале седум лица.

Слични содржини