182
„Јас воопшто не сум поврзана со политиката, дури знаете дека бев директор и во претходните политички структури. Министерот Венко ФИлипче ми ја даде довербата затоа што сме дежурале заедно и знаеше дека во кризни ситуации ќе можам да се снајдам, бидејќи тогаш веќе почна короната и знаеше дека ќе можеме да соработуваме“, вели за Топ Тема д-р Аспазија Софијанова.
Таа вели дека имала и нормална комуникација со новиот министер Беким Сали.
„Ниту можам да ги разберам, ниту ќе се трудам да ги разберам, ниту сакам да ги разберам тие политички превирања кои, ако јас било што кажам ќе биде грешно, бидејќи не ги анализирам тие работи“, истакна Софијанова.