Софија го врати амбасадорот Ангелов во Скопје

од Nikola Popovski
132 прегледи

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов се вратил во Македонија, со што повторно ќе работи на своите дипломатски должности, информираа вечерва од Министерството за надворешни работи (МНР). Ова следува откако минатата среда беше повлечен од официјална Софија.

„Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов ќе остане надвор од државата додека Софија не види знаци на промена. Цинично е да се разговара за проекти со РСМ додека Христијан Пендиков лежи во болница“, изјави тогаш в.д министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

Ангелов даде отчет и беше сослушан на седница на тамошната Комисија за надворешна политика.

Македонското МНР изрази жалење за потегот на Софија да го повика на консултации својот амбасадор оценувајќи го таквиот чекор како „неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален“.

Причина за повлекувањето на Ангелов беше, како што соопштија од бугарското МНР, „сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци“.

Слични содржини