Софи Тарнер: Тешко е да се биде самохрана мајка, тоа е голема борба

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Актерката Софи Тарнер откри дека е тешко да се биде самохрана мајка по разводот со пејачот Џо Џонас. Тарнер и Џонас имаат две ќерки, Вил (4) и Делфин (2).

За својата приватна ситуација проговори за време на промоцијата на новата серија Joan, која зборува за самохрана мајка и крадец на скапоцени камења во осумдесетите.

„Ако не бев мајка, не знам дали би можела да ја донесам истата енергија што ја носам“, изјави таа за „Sunday Times“. „Тоа е борбата да се биде самохрана мајка. На Џоан не и оди најдобро, но неверојатно е да се види како таа навистина се бори за својата ќерка“, додаде таа.

„Исто така, навистина е важно децата да видат колку напорно работат нивните родители за нив“, рече таа.

Споредувајќи го нејзиниот лик со моменталната ситуација, Тарнер рече дека верува дека има многу „срам“ што доаѓа со мајчинството.

„Има толку многу срам што доаѓа со мајчинството. Одите на работа, се срамите. Ако не одите на работа, се срамите”, рече таа.

Џо поднесе барање за развод во септември 2023 година, а не долго потоа, насловите на таблоидите беа исполнети со детали за нивната прилично мачна битка за старателство и пари. Најголем дел од проблемите се однесуваа на тоа да се договорат каде ќе живеат нивните деца. Софи сакаше да ги однесе девојчињата во нејзината родна Велика Британија, додека Џо инсистираше тие да останат во САД.

Се отишло дотаму што Софи во еден момент го пријавила Џо за „киднапирање“, а тоа откако накратко се договориле. Но, се чини дека сега работите се решени, а според американските медиуми децата дел од годината ќе живеат со мајка си, а дел со татко.

Ѕвездата на „Игра на тронови“ и пејачот се венчаа во 2019 година, а беа во брак четири години.

Слични содржини