Софија и Скопје немаат отворено прашање, тврди бугарскиот министер Георгиев

од Nikola Popovski
43 прегледи

Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев денеска зборувал на темата Македонија и соседските односи меѓу двете земји. Изјавил дека „ескалира говорот“од нашата земја.

„Загрижени сме за ескалацијата во говорот на нашите соседи од Република Северна Македонија, бидејќи тоа покажува недостаток на разбирање на европските процеси и можно избегнување на одговорност. Софија и Скопје немаат отворено прашање“, истакнал министерот за надворешни работи, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој порача дека „сè што се бара од нив се прави, како и од членовите на Европскиот парламент“.

„Загриженоста на Бугарија беше разгледана и земена предвид. Дипломатската воздржаност од наша страна не треба да се меша со неактивност, додал Георгиев, изразувајќи мислење дека Бугарија не треба да се однесува како „хистерична држава“.

Вчера во Софија се одржа протест пред македонската амбасада, организиран од подмладокот на вонпарламентарната бугарска партија ВМРО-БНД. Протестот беше поради условната казна затвор од една година за претседателот на избришаниот бугарски клуб „Иван Михајлов“, Љупчо Ѓоргиевски.

Демонстрантите ја нарекоа „исклучиво политичка“ одлуката на Основниот суд во Битола и побараа „адекватен одговор“ од бугарската држава против соседот и кандидат за членство во Европската унија.

Слични содржини