Софија и Скопје имаат уште многу проблеми за решавање, порача Јотова

од Nikola Popovski
173 прегледи

Членството на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген ќе ги направи границите на Европската унија уште побезбедни. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова по средбата со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Од Загреб, каде што е во посета, „Јотова ги потсетила властите во Скопје дека Бугарија во која било фаза може да стави вето на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија, доколку не се исполни договорот меѓу Софија и Скопје“, пренесува БНР.

Јотова го информирала хрватскиот претседател за резервираноста на Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија. Според бугарската потпретседателка, Бугарија требало појасно да ги објасни своите историски аргументи.

-Тезите кои се валидни денес, а најмногу Бугарите во Македонија и односот кон нив. Со оглед на пописот во Македонија, и со состојбата дека се издадени 95 илјади официјални документи за бугарско државјанство, мал број луѓе се дрзнаа да се попишат како Бугари, вели таа и додава дека „Софија и Скопје имаат уште многу проблеми за решавање“.

-Бугарија може да го наметне своето вето во која било фаза доколку не се исполнат условите од нашите договори и првата меѓувладина конференција и ако Договорот за добрососедство од 2017 година се покаже како само празен текст. Се надевам дека нема да дојде до тоа и се надевам дека и нашите колеги од РСМ сфатија колку беше тешко да се донесе оваа одлука и колку брзо и кревка може да се покаже, рекла Јотова, објави БНР.

Слични содржини