Софтвер за полесна обработка на извештаите на инвестициските фондови

од desk3
103 прегледи

download
Комисијата за хартии од вредност и Европската банка за обнова и развој денеска ќе го промовираат нов софтверски систем со кој се очекува да се олесни доставувањето и обработката на извештаите на инвестициските фондови.

Со новиот систем ќе се зголеми транспаретноста на пазарот на хартии од вредности, ќе се обезбеди поголема достапност на податоците на потенцијалните инвеститори и ќе се зајакне заштитата на малцинските акционери при прегрупирањето на сопственичките структури на компаниите.

На презентацијата на софтверот најавено е обраќање на претседателката на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска и на Анка Јоана Јоанеску од Европската банка за обнова и развој.

Придобивките од новата софтверска платформа ќе ги презентира директорот на Друштвото за управување со имвестициските фондови КБ Публикум Инвест, Горан Марковски.