Сојот Омикрон се појави и во Јужна Америка

од Milan1

Бразилските здравствени власти соопштија дека лабораториската анализа регистрирала два случаи на инфекција со варијантата на коронавирус Омикрон. Тоа се први случаи на инфекција со новата варијанта во Јужна Америка.

Заразените со Омикрон се маж кој пристигнал во Сао Паоло од Јужна Африка и неговата сопруга. Мажот пристигна во Бразил на 23 ноември, и имал негативен тест за Ковид. Меѓутоа, пред планираното патување во спротивна насока, тој и неговата сопруга биле позитивни. При анализата на примероците станало јасно дека се работи за инфекција со сојот Омикрон.

Слични содржини