Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ

од desk4
314 прегледи

Сојузот на средношколци апелира до институциите да ги прифатат барањата на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) откако вработените го ставија штрајкот во мирување. Вработените го ставија својот економски интерес под интересот на матурантите за успешно полагање на државната матура и добивање на резултати во предвиденото време за запишување на студии. Сојузот покрена јавен апел до Министерството за финансии за исполнување на барањата на вработените во ДИЦ за изедначување на платите со зголемувањата на минималната плата.

Денеска, 15.620 матуранти го полагаа испитот по мајчин јазик од државната матура во периодот од 10 до 14 часот. Од тие, околу 10.800 полагале Македонски јазик и литература, околу 4.400 полагале Албански јазик и литература, додека 357 кандидати полагале Турски јазик и литература. Најголем број на матуранти потекнуваат од средното стручно образование, следени од гимназиите, додека најмалку се застапени учениците од средното уметничко образование.

Првиот екстерен испит, според прелиминарните информации на Сојузот на средношколци, поминал успешно и засега нема жалби или поплаки по одржувањето на испитот.

Сојузот на средношколци истакнува важноста на вработените во Државниот испитен центар и нивниот придонес во организирањето на првиот екстерен испит во предвиденото време. Македонските матуранти пред нив се со успешно одбраните проектни задачи, но пред нив уште се закажани вториот екстерен испит за 10 јуни, како и двата интерни испити што се полагаат во периодот од 12 до 30 јуни.

Слични содржини