Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора на Приморска Словенија

од Берта Китинска
359 прегледи

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора на Приморска Словенија со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави со акцент на секторите земјоделство, туризам, логистка и медицина.

„Во изминатите години успешни мултинационални компании основани во Копер, а со своја дејност регистрирани и во Македонија активно работат во областите на транспорт, логистика и медицина. Успешната соработка со Стопанската комора на Приморска Словенија денес ја формализираме со договор“, изјави претседателот на Сојузот на стопанска комора Данела Арсовска.

Деловните субјекти од нашата држава имаа веќе развиена соработка со своите словенечки партнери која има потенцијал да се прошири и продлабочи со интензивирање на коморската соработка.

„Во Словенија се работи многу на развој на еколошкиот туризам, исто така имаме и високо квалитетни земјоделски производи и маслиново масло. Простор за соработка гледаме и во секторот на автоматизација и дигитализација, а нашето искуство во преговорите со ЕУ исто така може да биде корисно со почнување на претпристапните преговори за членство на вашата земја“, изјави Роберт Ракар, извршен директор на Стопанска комора на Приморска Словенија.

Во рамките на посетата во Сојузот на стопански комори се одржа и состанок со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кој ги презентираше можностите инвестиции во земјоделството.

Овој Меморандум за соработка, ќе биде спроведен на начин што ќе обезбеди, поттикнување, развивање и обезбедување на сите облици на соработка помеѓу Сојузот и Комората, како и зголемување на потенцијалите за промоција, поттикнување и развој на сите форми на соработка помеѓу делoвните заедници, поддршка за реализација на инвестициски проекти и заедничко планирање и организирање на настани за соработка меѓу двете земји.

 

Слични содржини