Непречено функционирање на сите центри за дијабетес, побараа денес од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Тие имено, бараат да се создаде можност сите лекари и дијабетолошки сестри да имаат редовни закажани термини во центарот за дијабетес, со оглед на тоа, како што велат, сите пациенти имаат потреба од редовни контроли.

„Согласно моменталната КОВИД-19 ситуација свесни сме дека одреден број пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група пациенти ја поздравуваме можноста за издавање електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот. На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравтсвена состојба“, наведуваат во соопштение.

Барем како што велат од здружението, прифатливо е редовно да има прегледи онаму каде е подобра епидемиолошката слика од Ковид 19, односно минимум три дена од пет работни денови со термини за редовни прегледи.

Во сите останати денови, како што велат, од работната недела дијабетолошките сетри треба да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес.

„Само заеднички со мегусебно разбирање но и со почитување на потребата секој здравствен проблем да добие адекватна медицинска грижа, ќе создадеме предуслови да имаме здрава нација, која секако ќе ни треба по зaвршувањето на оваа светска здравстена криза со COVID-19“, посочуваат во соопштение.

Слични содржини