Сокот од домати се бори со лошиот холестерол

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Научниците од Универзитетот во Токио спровеле студија и ги докажале придобивките од сокот од домат кој помага при намалување на крвниот притисок.

Овој производ помага во намалување на липопротеините во крвта поврзани со лошиот холестерол.

Студијата вклучи 184 мажи и 297 средовечни жени. За една година тие консумирале толку сок од домати, колку што сакаат. Употребата на пијалакот помогнал да се намали крвниот притисок на 94 испитаници со хипертензија. Нивниот систолен притисок падна од 141 на 137, додека дијастолниот – од 83 на 80, пишува сајтот, „ЈурикАлерт“.

Нивото на холестерол поврзано со липопротеин со ниска густина, кај 125 испитаници во просек се намали од 155 на 149,9 милиграми на децилитар. Позитивниот ефект на сокот од домати не бил под влијание на полот и возраста на учесниците.