„Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте тешкотии во врска со вашето име, кои беа решени. Имавте проблеми со вашиот јазик, кои исто така се решија и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската Унија“, рече на денешната конференцијата „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор, во своето видеообраќање поранешниот висок претставник на ЕУ, Хавиер Солана.
„Ми претставува задоволство што имам можност со вас да прославам 20-годишнина од Охридскиот рамковен договор“ изјави Солана.