
Состојки:
1 коцка квасец
100 мл топла вода
1 лажица шеќер
600 г брашно
1 лажица сол
2 јајца
50 мл масло
50 мл млеко
130 гр. сирење
130 гр. салама
подготовка:
Квасецот се раствора во топлата вода со шеќерот. Едното јајце се дели и жолчка се меша со маслото. Откако квасецот е подготвен, се додава едното јајце, маслото со жолчката, брашното и солта. Се меша со лажица и се додава и млекото. Белката на поделеното јајце се меша со ситното сирење. Салам се сече на коцки.
Тестото се остава да нарасне, потоа се меси уште еднаш и се тркала во правоаголна форма. Потоа ги правиме во вид на ролна, кои потоа се сече на дебели округли форми.
Таквите форми се ставаат во намачкана тави, по се формираат во еден вид на поголем полжав. Намачкани со жолчка се печат во загреана рерна на 200 степени околи 40 минути или се додека не добие златна кора.