Одличен рецепт за кој ви се потребни неколку состојки.

Ширум светот, со речиси секој оброк, се служи еден ист прилог – крофнички полни со топено сирење. И ова не е без причина – нивниот вкус освојува веднаш штом ги пробате и ќе сакате да ги готвите со речиси секое јадење!
Состојки:
500гр. моцарела
3 лажички рендан пермезан
1 јајце
½ лажичка оригано
100 гр. брашно
презла
малку путер
Подготовка:
Измешајте ги изренданата моцарела, пармезанот и јајцето, па додадете брашно и оригано. Замесете го тестото со рака, па обликувајте ги топчињата, ставете ги во презла и кратко испржете ги на малку путер, се додека не се добијат убава златна боја. На крајот, ќе добиете превкусни крофнички полни со топено сирење, кои ќе ги засакате на првиот залак.
Уживајте!
Напомена: Од оваа смеса би требало да добиете околу 40 крофнички!