Солени мафини со кашкавал и сушени домати

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

2 јајца

150 мл млеко

1/2 чаша масло

брашно 250 мл

прашок за пециво

прстофат сол

100 гр кашкавал

10 парчиња сушени домати

зачини по вкус (оригано, мајчина душица, босилек, сув лук)

Подготовка:

Изматете ги јајцата. Во нив додадете топло свежо млеко, масло и малку сол. Додадете просеано брашно и прашок за пециво.

Доматите исечкајте ги на ситни парчиња и изрендајте го кашкавалот. Додадете ги во смесата заедно со зачините.

Добро измешајте и распоредете во калапи за мафини (до две третини од нивната висина) покриени со хартиени корпи.

Печете ги солените мафини на 180 степени 20 минути.

Оставете да се изладат.

Мафините можете да ги декорирате со мешавина од павлака, сирење и малку бибер (300 до 350 грама сирење и 100 грама павлака), користејќи шприц.

Слични содржини