Солскјер фасциниран од Кавани: Ќе направам се за да остане во клубот

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека ќе продолжи да го убедува Единсон Кавани да остане и додаде дека е задоволен од играта против Рома.

„Се разбира, ние сакаме да продолжиме понатаму. Тимот реагираше добро на полувреме. Одигравме добро во првиот дел, но заборавивме дека мора да трчаме назад, а мора да се стори тоа брзо. Во второто полувреме го сторивме тоа подобро, создадовме повеќе можности“, рече Солскјер, пренесе „Скај“.

Јунајтед ја победи Рома со 6:2 на домашен терен, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Кавани постигна два гола, имаше две асистенции и беше направен пенал над него, па менаџерот на „црвените ѓаволи“ е задоволен од играта на уругвајскиот напаѓач.

„Единсон беше одличен. Тој игра вистински центарфор, трча, создава шанси за своите соиграчи, постигнува голови. Пропушти неколку можности, но затоа е таму, ако влезе во три или четири шанси, ќе постигне два или три гола. Јас сум апсолутно воодушевен од тоа. Можете да ја видите разликата, тој работеше на својата физичка подготвеност за време на долгата пауза. Тој го надополни изгубеното време“, изјави Норвежанецот.

„Тој знае што мислам и дека би сакал да остане во клубот уште една година, разговаравме за тоа. Разбирам дека оваа година беше тешка, но му ветив дека „Олд Трафорд“ и Манчестер се различни со навивачи на стадионот. Јас давам се од себе да го убедам, ваквите игри ми помагаат. Се надевам дека ќе се пласираме во финалето и дека тој ќе може да се види со нас и следната година“, додаде тој.

Менаџерот на Јунајтед рече дека Кавани е добар голгетер, дека игра фудбал долго време, и дека поседува смиреност.

„Асистенција при првиот гол, пас кај шестиот, Кавани покажува искуство, и тоа ни треба во овој дел од сезоната. Потребни ни се искусни играчи да ја преземат улогата, и тој дефинитивно го прави тоа“, потенцираше Солскјер.

Реваншот е закажан за 6 мај во 21 часот во Рим.

Слични содржини