МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД победи само на еден од последните шест првенствени натпревари, а Оле Гунар Солскјер е под зголемен притисок.
Покрај ужасната игра и форма, Солскјер загуби на домашен терен од Ливерпул со 5:0 и Манчестер Сити со 2:0, но англиските медиуми тврдат дека тој сепак ќе биде на клупата на Јунајтед, барем на следниот натпревар против Ватфорд, по паузата за национални тимови.
„Дејли Мејл“ вчера објави дека започнал тивок бунт против Солскјер во соблекувалната. Глас наводно дигнале Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо, а повеќето играчи, меѓу другото, наводно не се задоволни од начинот на кој Норвежанецот се однесува со Дони ван де Бик.
Очекуваа Солскјер да ја искористи репрезентативната пауза за да воигра некои системи и да поработи што повеќе на играта на тимот, но тој со својот потег ги шокирал играчите, пишува „Дејли Мејл“. Тимот не се сретнал од саботниот пораз од Сити, па во понеделникот Солскјер им кажал на играчите дека имаат една недела одмор и заминал во Норвешка со семејството.
„Дејли Мејл“ тврди дека таквиот потег среде ваква криза ги изненадил играчите. Оние кои не беа во репрезентациите очекуваа напорна работа и тренинзи, но Солскјер одлучи дека на сите им е потребен заеднички одмор.
„И покрај сето ова, нашите извори тврдат дека на Солскјаер се уште не му се заканува отказ. Тој ќе го води тимот против Ватфорд, а веројатно и на претстојните натпревари“, заклучува „Дејли Мејл“.