Солскјер: Кавани сè уште не донел конечна одлука дали ќе остане

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Оле Гунар Солскјер сака Единсон Кавани да остане во Манчестер Јунајтед и следната година.

Уругваецот, кој погоди во победата од 3:1 над Тотенхем, беше привлечен наесен со договор за една сезона, а сега разгледува понуди од Јужна Америка.

„Имавме неколку разговори лице в лице. Не е тајна дека сакаме да го задржиме кај нас“, рече Солскјер и додаде дека ограничувањата поради Ковид-19 го оставиле играчот без неговото семејство во Манчестер, што ја комплицира неговата адаптација.

„Тој сè уште ги разгледува опциите пред него и јас целосно го разбирам. Единсон знае што сакам, а тоа е да дава голови на „Олд Трафорд“. Нема подобро чувство од тоа, па да видиме кои ќе бидат неговите преференции. Само треба да почекаме малку. Засега, единственото нешто што е јасно е дека тој сè уште не донел конечна одлука. Годината му беше тешка бидејќи не знае англиски и не може да излезе и да ја запознае културата, да има пријатели и така натаму. Ова се сложени околности. Ако Единсон одлучи да игра само една сезона во Англија, тогаш имавме среќа таа да биде во Манчестер оваа сезона”, додаде Норвежанецот.

Слични содржини