230
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по победата над Тотенхем во мечот од 15. коло од шампионатот на Англија (2:1), ја одбележа играта на напаѓачот Маркус Рашфорд.
Англичанецот постигна два гола, по еден во двете полувремиња.
– Трите бода се важни за нас. Веќе имавме шест нерешени, тоа е премногу. Денес беше најдобрата претстава на Маркус Рашфорд со мене. Тој одигра зрело и агресивно. Тоа беше одличен натпревар за него, истакна Норвежанецот.
Манчестер јунајтед по 15 кола се наоѓа на 6.место со 21 бод.