Солскјер одблизу ја разузнава Барселона

од Vlatko K
101 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер и неговите помошници го посетија „Камп
Ноу“ пред првиот натпревар меѓу Англичаните и Барселона од 1/4-финалето во Лигата на
Шампионите.

Шпанскиот шампион го порази второпласираниот Атлетико Мадрид со 2-0, четири дена пред
неговата посета на „Олд Трафорд“.

Солскјер, неговиот асистент Мајк Фелан и тренерите Мајкл Карик и Киеран Мекан ја искористија
можноста да ја истражат одблизу играта на Каталонците пред да излезат „црвените ѓаволи“ на
тренинг во 10 часот во неделата наутро.

Првиот натпревар од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите помеѓу Јунајтед и Барселона е во
среда (10-ти април) од 21 часот