Солскјер планира долг разговор со Жозе Мурињо

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Норвешкиот тренер на турски Бешикташ, Оле Гунар Солскјаер откри дека планира подолг разговор со Португалецот Жозе Мурињо, кој е на чело на уште еден турски тим, Фенербахче, пренесе The Athletic. Солскјаер го наследи Мурињо како менаџер на англискиот клуб Манчестер Јунајтед во 2018 година, а потоа собра 168 натпревари пред да го напушти клубот во ноември 2021 година.

Во Бешикташ, 52-годишниот Норвежанец направи импресивен старт, постигнувајќи шест победи од осум натпревари. До крајот на сезоната ќе има можност да го предводи својот Бешикташ во дербито против Фенербахче на 4 мај во 34. коло од локалниот шампионат.

Запрашан дали разговарал со Жозе Мурињо откако пристигна во Истанбул, Оле Гунар Солскјер одговори: „Не, но наскоро ќе играме со нив. Имам огромна почит за Жозе и она што го постигна во фудбалот. Никогаш не сме седнале да разговараме подолго бидејќи пандемијата на коронавирус сè уште траеше кога јас бев во Јунајтед и тој беше во Тотенхем, но наскоро ќе се видиме“.

Фенербахче е втор во привремениот поредок во Турција со 58 бодови, 6 помалку од водечкиот Галатасарај, додека Бешикташ е четврти со 41 бод и натпревар помалку.

Слични содржини