Солскјер по 3:3 со Шефилд: Ни недостасуваше сила, но не можам ништо да им замерам на момците

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е разочаран по испуштената победа на вечерашното гостување кај Шефилд јунајтед.

Дуелот заврши нерешено, 3:3, а Манчестер јунајтед по негативата од 0:2, постиган три гола за седум минути, но во самиот финиш му дозволи на домаќинот да изедначи.

– Од аспект на неутрален навивач беше прикажан добар фудбал. Ние се вративме по 0:2, но кога требаше да ја потврдиме победата, не реализиравме при резултат 3:2 и на крајот му дозволивме на ривалот да изедначи. Ни недостасуваше сила во средниот ред, но момците не се откажаа и не можам ништо да им замерам, рече Солскјер.

Манчестер е во серија од 12 натпревари без гостинска победа во Премиер лигата.

Слични содржини