Солзавец, шок бомби и судир на граѓани со КФОР на Косово (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
689 прегледи

Ситуацијата во Звечани на Косово ескалира во понеделникот попладне – фрлен е солзавец, а толпата возврати со камења и шишиња.

Демонстрантите се судрија со припадниците на КФОР. Ситуацијата се смири по 10 минути, Србите седнаа на асфалтот, пренесува КоССев. Меѓутоа, конфликтот повторно се разгоре.

КФОР бара да се ослободи преминот за возилата на специјалната единица на косовската полиција да го напуштат местото пред општината, што Србите не го дозволија и покрај повиците на Српската листа.

Тие бараат сите специјалци да ја напуштат зградата.

Како што јави известувачот на KoSSev од теренот, припадниците на КФОР почнале насилно да ги туркаат луѓето, вклучително и новинарите кои биле во првите редови. Толпата се спротивстави. Потоа бил фрлен солзавец, а се претпоставува дека тоа го направил КФОР. Фрлени се шок бомби, солзавец, како и камења и шишиња.

Припадниците на КФОР успеаја да ја турнат толпата толку далеку што ги извлекоа заробените оклопни возила на специјалната единица на косовската полиција.

Повредени се неколку припадници на КФОР, а не се знае колку се повредени од другата страна.

Исто така, во близина на општинската зграда гори и службено странско возило.

Сега членовите на КФОР се поделени во две групи. Едната група се наоѓа непосредно пред општината, а другата група се наоѓа помеѓу општината и станбената зграда.

Слични содржини