Солзи на „Гудисон“ поради Украина: Зинченко не може да издржи, Миколенко го теши

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Евертон и Манчестер Сити вечерва играат многу важен натпревар во Премиер лигата, кој е засенет од емотивните сцени кои ги приредиле украинските играчи од двата табора, Олександр Зинченко од тимот на „Граѓаните“ и Виталиј Миколенко од „Карамелите“.

 

На стадионот на Евертон можеа да се видат голем број знамиња, а на големиот екран беше испишана порака како поддршка за украинскиот народ.

Зинченко не можеше да запре со солзите, па многу брзо од спротивната екипа истрча неговиот сонародник Миколенко, кој го прегрна и се обиде да го смири и утеши, по што следеше аплауз од целиот „Гудисон парк“.

Слични содржини