247
Од „Скотланд Јард“ започнаа истрага откако беше откриен бел прав во писмо испратено до британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Маркл, соопштува британското издание „Тhe Guardian“.
Писмото било примено овој месец во замокот Кенсингтон, каде што живеат двајцата. Поради сомневање за антракс, белиот прав е тестиран од страна на експерти. За среќа, се покажал дека е безопасен.
Еден ден откако Хари и Меган го добиле сомнителното писмо, пакет од бел прашок е испратен и во Вестминстерската палата.
Полицијата испитува дали постои поврзаност помеѓу двата случаи.