Сомнителен пакет во фабрика која произведува вакцини за Астразенека, испрати единици за отстранување експлозив

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Полициските единици за отстранување на експлозивите биле испратени во фабрика во Велс која произведува и чува вакцини против коронавирус на компанијата „Астразенека“, поради сомнителен пакет, пренесува Би-Би-Си.

Полицискиот кордон е пред фабриката и не дозволува никој да се приближува.

Објектот е евакуиран. Засега нема информации дека има повредени.

Полициските единици за отстранување експлозив биле испратени во фабриката за да го проверат сомнителниот пакет, пренесува Би-Би-Си.

„Утрово добивме сомнителен пакет. Сите релевантни органи веднаш беа известени и ангажирани. Делумно ја евакуиравме локацијата, чекајќи целосна истрага. Безбедноста на нашите вработени и континуитетот на производството се уште се од најголема важност“, соопштуваат од фабриката.

Фабриката има капацитет да произведува 300 милиони дози на вакцина годишно, а во август постигна договор да помогне во подготовката на вакцината за дистрибуција.

Слични содржини