„Сомнителната“ кинеска вакцина ќе биде тестирана и на Србите

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Кинеската China National Biotec Group (CNBG) и Sinovac Biotech објавија денеска дека уште четири земји се согласиле да учествуваат во доцната фаза на тестирање на вакцини за коронавирус, вклучително и Србија, пренесува Ројтерс.

Во трката за вакцина, Кина придоби уште четири земји каде што ќе се спроведе тестирање во трета фаза. Србија и Пакистан се меѓу новите земји во кои ќе се тестира кинеската вакцина, бидејќи Кина не е најсоодветна за тестирање поради намалениот број на новозаразени, пренесува Ројтерс.

Компанијата ќе добие зелено светло за масовна употреба на вакцини само откако ќе се докаже дека се ефикасни и безбедни и само откако ќе се потврди од голем број собрани податоци.

Кина одобри две вакцини на CNBG и една од компанијата Sinovac Biotech, кои ќе се користат на ограничени групи луѓе за кои вирусот претставува висок ризик, како и на медицински работници. Според Ројтерс, Србија ќе ги тестира и двете вакцини на CNBG.

Во третата фаза на тестирање на овие вакцини ќе учествуваат 50.000 луѓе од десет земји. Тестирањето веќе започна во Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Перу, Мароко, Аргентина и Јордан.

Во областа на вакцините, Кина е светски лидер од 2008 година, а технологијата за инактивација е во срцето на нивната борба за спречување на епидемијата.

Сепак, кинеските вакцини ретко се дистрибуираат во странство и не е познато колку тие навистина се ефикасни, истакнуваат азиските медиуми. Клиничките испитувања се „изведени“ набрзина, но малку информации се достапни за ефикасноста и несаканите ефекти.

Слични содржини