Сон потпиша за Лос Анџелес ФК: Ова не беше мој прв избор, се предомислив кога ми се јави претседателот

„Дојдов тука за да победувам и бидете сигурни дека ќе го направам тоа. Дефинитивно ќе ви покажам нешто возбудливо на теренот и ви гарантирам дека ќе имаме многу успех заедно“, рече Сон со самодоверба

од Vladimir Zorba
10 прегледи

По десет години, Хеунг-мин Сон го напушти Тотенхем и потпиша за Лос Анџелес ФК, а неговиот трансфер го сруши рекордот во МЛС лигата.

Клубот од Лос Анџелес му плати 22 милиони евра на 33-годишниот Сон, а на официјалната презентација рече дека едвај чека да почне да игра.

„Дојдов тука за да победувам и бидете сигурни дека ќе го направам тоа. Дефинитивно ќе ви покажам нешто возбудливо на теренот и ви гарантирам дека ќе имаме многу успех заедно“, рече Сон со самодоверба.

Сон искрено призна дека дури и не помислил да дојде во МЛС лигата пред неколку месеци.

„Да бидам искрен, доаѓањето тука не беше мој прв избор. Се предомислив кога претседателот Џон Торингтон ми се јави првиот пат. Ми објасни дека припаѓам тука и среќен сум што го послушав“, рече Сон.

Слични содржини