Сон во солзи: Постојано им се извинуваше на навивачите по новиот дебакл (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Тотехнем претрпе нов тежок удар во сезоната полна со разочарувања.

Во дербито на 32.коло од Премиер лигата, „петлите“ загубија со 1:3 од Манчестер Јунајтед на домашен терен.

„Спарс“ сè уште ја гонат својата главна цел – следната сезона да играат во Лигата на шампионите. Седум натпревари до крајот на шампионатот, нивното четврто место, последното кое води до ЛП, бега шест бода.

Хеунг-Мин Сон, легенда на Тотенхем (272 настапи, 104 голови и 63 асистенции) и една од ретките светли точки оваа сезона, во која постигна 19 гола и асизтираше за 16, им се извини на навивачите три минути по поразот давајќи изјава за клупската телевизија низ солзи.

„Само сум разочаран и навистина не знам што да кажам. Се чувствувам лошо. Навивачите секогаш страсно нè поддржуваа на овој стадион. Ова е тажна вечер. Жал ми е за фудбалот што мораа да го гледаат … Мојаот гол е навистина ирелевантен … сакав толку многу да победиме … не знам што да кажам … “

Слични содржини