Сончево и многу топло, со можност за пороен дожд и грмежи на планинските места

од desk3
26 прегледи

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, со температури до 38 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Како што соопштуваат од УХМР, попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Температурата ќе се искачи до 36 степени.

Слични содржини