Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната од 13 до 20 степени Целзиусови.