Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 7.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.