Сончево и топло, од среда промена на времето

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец, ивестуваат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

И во текот на утрешниот ден ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.

Од среда следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, особено во попладневните часови. Поголема нестабилност се очекува во четврток, кога врнежите наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Слични содржини