Сончево со максимални 32 степени, се очекува постепен пораст на температурите

од Nikola Popovski
238 прегледи

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, извести УХМР. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 7.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 18 степени, а  максималните од 21 до 32 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 28-от степен Целзисусов.

УХМР најавува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Ќе дува умерен наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Умерениот топлотен африкански бран, кој не би требало да донесе екстремно високи температури кај нас барем според сегашните анализи, се очекува во текот на следната седмица.

Слични содржини