Денеска во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР за временската прогноза. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 24.
Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината, a преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер со максимална температура до 21 степен.
Во среда ќе има повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок и сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.