157
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерено локална облачност и со засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од четири до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 14 степени. Маврово 4, Охрид 12, Крива Паланка и Берово 9, Битола 11, Кавадарци 15, Дојран 16.
Од утре не очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од западен правец и температури од 16 до 21 степен.