Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 10 до 16 степени Целзиусови.