УХМР информира дека времето низ земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 8 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 10 до 19 степени.