Сончево, студено и ветровито со мала до умерена облачност

од desk4
73 прегледи

– Времето во Македонија ќе биде сончево, студено и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до четири, а дненвата од минус три до осум степени.

Во Скопје ќе биде сончево, студено и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до два, а дневната до осум степени.

В четврток ќе биде студено со засилен северозападен ветер, а в петок суво и потопло со умерен ветер од југозападен правец. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд.